Најмалку 20 лица загинаа во воздушните ракетни напади на Израел врз областа Рафах во јужниот дел на Газа, каде десетици илјади Палестинци побараа засолниште од израелските сили во северниот дел на енклавата, пренесува Ројтерс.
Рано утринава жителите на Кан Јунис, град во јужниот дел на Газа, известија за жестоки борби меѓу милитантите на Хамас и израелските сили.
Израелски тенкови и авиони бомбардираа области во близина на центарот на градот, велат жителите.
Официјалниот претставник на Светската здравствена организација (СЗО) Ричард Пајперкорн во понеделникот изјави дека болницата Камал Адван во северниот дел на Газа, која беше нападната од израелските војници минатата недела, повеќе не функционира и дека пациентите, вклучително и бебињата, се евакуирани.
„Не можеме да си дозволиме да изгубиме ниту една болница“, рече Пиперкорн, претставник на СЗО за Газа.
Тој предупреди дека околу 4.000 раселени лица, кои се засолниле во близина на медицинскиот комплекс на Насер во Кан Јунис, исто така се изложени на ризик од израелските воени дејства во областа.