More

    Најмалку 16 лица загинаа при уривање на хеликоптер во градот Бровари во киевската област

    spot_img

    Најмалку 16 лица загинаа при уривање на хеликоптер во градот Бровари во киевската област.

    – Утрово, на 18 јануари, во Бровари се урна хеликоптер на Државната служба за вонредни состојби. Како последица на авионската несреќа загина раководството на МВР: министерот, првиот заменик министер и државниот секретар. Се знае дека вкупно загинале 16 лица, меѓу кои и две деца. Од нив, девет биле во хеликоптерот, информира шефот на Националата полиција на Украина Игор Клименко.

     

     

    Тој додаде дека 22 повредени се во болница, од кои 10 се деца.

    Сите специјализирани единици работат на лице место. Увидот на местото на настанот е во тек.

     

    Гувернерот на украинската област Киев изјави дека се работи за хеликоптер кој удрил во градинка и станбена зграда. Тој рече дека има жртви.

    – Во моментот на трагедијата таму беа деца и вработени во градинката – рече тој и додаде дека во меѓувреме се евакуирани, пренесува Дојче веле.

     

     

    На видеата споделени на социјалните мрежи се гледа зградата во пламен и се вели дека објект сличен на хеликоптер или дрон паднал во зградата на градинката, пишува Дејли мејл.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img