Најмалку 15 лица загинаа, а 5 се повредени во тешка сообраќајна несреќа во близина на рускиот град Улјановск, соопштија локалните власти.
Несреќата се случила во населбата Николаев во областа Улјановск, на автопатот М5, кога два камиони буквално здробиле патнички минибус во кој имало 20 луѓе, јави претходно агенцијата Интерфакс.
Улјановск се наоѓа на околу 700 километри источно од Москва.