Најмалку 14 лица загинаа, а 75 други се повредени откако денеска врз нив падна билборд поголем од олимписки базен за време на невремето во индискиот финансиски центар Мумбаи, соопшти Асошиејтед прес.
Видео снимката од понеделникот покажа дека билбордот се тресе од ветрот пред да удри во куќи и во бензинска пумпа до прометниот пат во источното предградие Гаткопар. Градот го зафати невреме што го запре патниот сообраќај и летовите на авионите.
Локалните власти објавија дека најмалку 75 повредени лица се пренесени во болница по несреќата и дека 31 оттогаш се пуштени дома.
Агенцијата во чија сопственост е билбордот немала дозвола од надлежните да го постави. Панелот бил голем околу 1.300 квадратни метри, што е 9 пати повеќе од максималната дозволена големина. Агенцијата добила наредба веднаш да ги отстрани сите свои билборди.
„За да не се повторат вакви несреќи, наредена е структурна проверка на сите складишта во Мумбаи за да се отстранат опасните веднаш“, рече шефот на државата Махараштра, Екнат Шинде.
Околу 25 лица сѐ уште се заробени под билбордот, а акцијата за спасување продолжува, забавена од близината на бензинската пумпа.