Најмалку 132 тела на цивили се пронајдени во украинскиот град Макарив

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Најмалку 132 тела на цивили се пронајдени во украинскиот град Макарив, изјави градоначалникот на градот Вадим Токар.

Тој во телевизиско интервју истакна дека повеќето тела биле ексхумирани од масовните гробници, но и дека некои се пронајдени на улиците.
Макарив се наоѓа на околу 50 километри западно од Киев и пред војната имал население од околу 15.000 луѓе.

Градоначалникот додаде дека поради борбите во изминатите недели, населението се намалило на 1.000 и дека околу 40 отсто од зградите во Макарив се оштетени, а повеќето од нив не можат да се поправат.

– Окупаторите ја уништија речиси целата инфраструктура, бомбардираа домови и станбени згради, целосно уништија болници и градинки – нагласи Токар.

Share This Article