More

    Најмалку 10 лица загинаа во немири и судири со полицијата во Мозамбик

    spot_img

    Најмалку 10 лица загинаа во немирите и судирите меѓу полицијата и демонстрантите по претседателските избори во Мозамбик.

    И покрај ова, граѓаните денеска се подготвуваат за нови протести за да го изразат своето незадоволство од изборните резултати кои опозицијата ги окарактеризира како лажни.

    Десет лица загинаа од прострелни рани, а 63 други се повредени во полициското задушување на протестите меѓу 18 и 26 октомври, се вели во заедничко соопштение на Медицинската асоцијација на Мозамбик и Лекарското здружение на Мозамбик.

    Тие изјавија дека во повеќето случаи намерата на полицијата била да пука за да убие луѓе.

    Даниел Чапо од владејачкиот Фронт за ослободување на Мозамбик беше прогласен за победник на изборите на 24 октомври.

    Таа партија е на власт од осамостојувањето од Португалија во 1975 година, а Чапо ќе го наследи претседателот Филипе Њуси, кој заминува по два мандати, како што дозволува Уставот.

    На денот на изборите опозициските партии тврдеа дека е забележана измама, а набљудувачите од Европската унија подоцна во својот извештај констатираа дека има нерегуларности во пребројувањето на гласовите и дека некои резултати се сменети.

    Тензиите за време на кампањата ескалираа кога двајца високи функционери на опозициска партија беа убиени во нивниот автомобил во Мапуто на 18 октомври, откако доцна во ноќта беа нападнати од заседа од непознати вооружени лица. Опозицијата вели дека напаѓачите испукале 25 куршуми во автомобилот.

    Во одвоено соопштение, Хјуман рајтс воч соопшти дека 11 лица биле убиени, а повеќе од 50 луѓе биле тешко повредени од истрели за време на протестите. Тие повикаа на истрага за „очигледно прекумерна употреба на сила“.

    Демонстрантите запалија гуми и блокираа патишта во многу градови, а властите некои протести ги окарактеризираа како немири кои требаше да се задушат.

    Портпаролот на полицијата Орландо Мудумане изјави за државното радио Мозамбик дека ситуацијата сега е „релативно мирна и под контрола“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img