Бразилецот Ричарлисон од Тотенхем секогаш е интересен за медиумите. И кога не игра добро и не дава голови. Подеднакво привлекува внимание и надвор од фудбалскиот терен.
Минатото лето тој пристигна во Тотенхем од Евертон за 60 милиони фунти (50+10 во бонуси) и неговиот настап е можеби најдобриот одраз на слабата сезона на лондонските петли (игнорирај го Хари Кејн). Ричарлисон постигна само еден гол на 27 натпревари во Премиер лигата (во спектаклот против Ливерпул 3:4 на Енфилд).
Навистина, имаше блескави моменти во текот на сезоната, но во дресот на Бразил, како што се двата атрактивни гола против Србија на 24 ноември на Светското првенство во Катар.
Веднаш по завршувањето на Светското првенство, грбот го украси со нешто повеќе од оригиналната „сликовница“. Сме виделе секакви тетоважи, но оваа дефинитивно е во Топ 5 кога се фудбалерите во прашање.
Затоа што, Ричарлисон има тетоважи на грбот на две легенди и сонародници Роналдо, Нејмар и – себе?! Тука е и потписот на кралот на фудбалот Пеле кој почина за време на Светското првенство. Сè беше направено извонредно, единственото нешто необично е што Ричарлисон го нарача и својот лик…
Во секој случај, одличниот фудбалер моментално одмара во родниот Бразил и најавува дека следната сезона сигурно ќе биде многу подобра за него и за Тотенхем. Со или без Кејн, не е важно.