YouTube каналот „DipYourCar“ редовно го објавува процесот на креирање и боење на автомобил, а целта е да се прикажат необични бои, најчесто на барање на публиката. Едно од барањата на публиката беше да се измеша најтемната црна боја на светот со повеќебоен пигмент.
Иако беше тешко да се предвиди како ќе излезе оваа комбинација и дали воопшто ќе функционира во пракса, резултатите ги воодушевија и авторите и публиката. Автомобилот изгледа како црнилото на вселената полн со ѕвезди, а процесот на создавање на оваа боја и конечниот резултат можете да го видите во продолжение.
Авторите на видеото предупредуваат дека ова не е од оние проекти што треба да ги копирате бидејќи црната боја што ја користеле не е наменета за автомобили бидејќи е исклучително кревка.