More

    Најкритично е во меѓународниот превоз кој бележи пад од 32,6% на превезени патници

    spot_img

    За 17% е намален вкупниот број на превезени патници во првото тримесечје од 2024 година во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

    Во бројки ова тримесечје се превезени 10.766.000 луѓе.

    Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 22,2 %, во приградскиот превоз е намален за 13,1 %, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 6,6 %, а во меѓународниот превоз е намален за 32,6 %.

    Во првото тримесечје од 2024 година, во однос на истиот период од 2023, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 12 %.

    Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 1,6 %, во приградскиот превоз е намален за 8,6 %, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 14,2 %, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 27,7 %.

    Државниот завод за статистика, забележа намалување на бројот на патници и во текот на двата последни квартали од минатата година. Во последниот лански квартал намалувањето беше од 12,5%.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img