Најкраткиот тест за интелигенција: Има само три прашања, го составил професор од Масачусетс

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Професорот од Технолошкиот институт во Масачусетс, Шејн Фредерик, го составил најкраткиот тест за интелигенција, кој содржи само три прашања, пишува британски „Мирор“.

Тестот, всушност, е стар речиси 20 години, а многу е мал бројот на оние кои првиот пат точно одговориле на сите три прашања, пренесува Зелена учиница.

И еве за кои задачи станува збор:

1.) Тениско топче и рекет заедно чинат 1,10 долари. Рекетот е поскап од топката за еден долар. Колку чини топката?

2.) Пет машини во текстилна фабрика произведуваат пет работи за пет минути. За колку минути 100 машини ќе направат 100 работи?

3.) Лилјани растат на езерото. Секој ден нивниот број се удвојува. Познато е дека локвата за 48 дена целосно ќе ја покрие целата површина на езерото. Колку дена му треба на локвата да покрие половина од езерото?

Научникот спроведе и експеримент во кој учествуваа три илјади луѓе од различни области и со различен степен на образование. На крајот, само 17 отсто од учесниците точно одговориле на прашањата.

Професорот посочува дека тестот на прв поглед изгледа лесен и дека е лесно разбирлив, но за да се дојде до точното решение најважно е да се избегне одговорот што прво ќе ви падне на памет.

Точните одговори се под фотографијата.

- Advertisement -
Ad image

Најчестите одговори се 10 центи, 100 минути и 24 дена, но тоа не е точно. Точните одговори се пет центи, пет минути и 47 дена.

Share This Article