Најголемата криптовалута во светот биткоин утрово накратко премина 106.000 долари, пред да се врати на околу 104.500 долари.
Инвеститорите веруваат дека новата администрација на Трамп ќе биде наклонета кон криптовалутите. минатата недела новоизбраниот претседател на САД изјави дека размислува да создаде национални залихи на дигитални валута, слична на стратешките нафтени резерви на земјата.
-Порастот на биткоинот од изборите е параболичен… Многу инвеститори веруваат дека е можна цена од 120.000 долари до крајот на годината, а потоа за 2025 година се зборува за повеќе од 150.000 долари до средината на годината – изјави Питер Мекгвајер од платформата за тргување XM.com.
Претходно овој месец, Трамп го именуваше Дејвид Сакс, претприемач од Силиконската долина, за негов човек за вештачка интелигенција (ВИ) и криптовалути. Сакс е поранешен извршен директор на PayPal и близок пријател на советникот и мегадонор на Трамп, Илон Маск.
Трамп, исто така, најави дека ќе го номинира Пол Аткинс, адвокат од Вашингтон, кој е верен поборник за криптовалути, за шеф на Комисијата за хартии од вредност (КХВ). Минатиот месец, актуелниот шеф на ДИК, Гери Генслер, најави дека ќе поднесе оставка од таа функција на денот на инаугурацијата на Трамп, 20 јануари следната година.