More

    Најголемата измама со социјална помош во историјата на Велика Британија е откриена откако бугарски полицаец им рекол на британските власти дека неговиот град одеднаш бил преплавен со готовина и дека криминалците „живееле како барони“

    spot_img

    Најголемата измама со социјална помош во историјата на Велика Британија е откриена откако бугарски полицаец им рекол на британските власти дека неговиот град одеднаш бил преплавен со готовина и дека криминалците „живееле како барони“, открива британски Телеграф.

    Петмина бугарски државјани признаа дека украле над 50 милиони фунти од британските даночни обврзници во април и се појавија на првиот ден од нивното тридневно сослушување пред судот во Вуд Грин Краун во вторникот.

    Галина Николова (38), Стојан Стојанов (27), Цветка Тодорова (52), Ѓунеш Али (33) и Патриција Панева (26) уживаа поддршка од десетици членови на семејството и пријатели. Во април тие се изјаснија за виновни за измама и перење пари.

    Групата имала илјадници „клиенти“ и во пораките споделени на „Ватсап“ се шегувала за неможноста на Министерството за работа и пензии на Велика Британија да ги фати.

    Нивната шема беше разоткриена кога нспектор од Сливен во подножјето на Балканските Планини, Васил Панајотов, започна истрага за ненадејниот прилив на пари во неговиот град, откако забележа дека се градат недвижности, а жителите носат дизајнерска облека.

    Тој откри дека илјадници луѓе, од кои многумина никогаш не го посетиле британскиот остров, добиваат до 2.500 фунти месечно од Велика Британија.

    Панајотов ги предупреди властите преку британската амбасада во Софија и во мај 2021 година беа извршени серија рации низ северен Лондон.

    Вистинскиот обем на измамата најверојатно ќе биде стотици милиони фунти повисоки од првите проценки, според Панајотов.

    – Првиот пат ми стана сомнително кога го видов протокот на пари во Сливен. Се прашував како овие луѓе добија толку многу пари. Добив информации од контакти дека стотици луѓе добиваат социјални бенефиции од Обединетото Кралство искористувајќи ги слабостите на британскиот систем. Кога ја добив оваа информација, ја започнав мојата сопствена истрага. На крајот заклучив дека можеби станува збор за 200 милиони фунти годишен приход од ОК. Парите кои влегуваа во Сливен го трансформираа градот. Луѓето купуваа дизајнерска облека и недвижен имот, отвораа продавници и казина. Ги дадов информациите на британската полиција и тие започнаа сопствена истрага за бандата – рече Панајотов.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img