Најексплицитната порака досега дека Украина би сакала да преговара стигна од украински висок дипломат кој е и заменик-шеф на кабинетот на Зеленски

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Најексплицитната порака досега дека Украина би сакала да преговара стигна од украински висок дипломат кој е и заменик-шеф на кабинетот на Володимир Зеленски. Андриј Силиха за Фајненшл Тајмс изјави дека Украина е спремна да разговара за полуостровот Крим доколку успее пролетната офанзива и ако украинските сили се пробијат барем до границата со полуостровот.

– Доколку успееме да ги постигнеме нашите цели на фронтот, односно кога сме на административната граница со Крим, подготвени сме да отвориме дипломатски преговори на таа тема. Тоа не значи дека исклучуваме воено ослободување на Крим – изјави Сибиха.

Досега, потсетува ФТ, украинскиот претседател аксиоматски ја отфрлаше можноста за какви било преговори со Москва додека сите руски сили не ја напуштат Украина, во која е вклучен и Крим.

Но, последните изјави на Зеленски дека најважно му е да не губи војници, па дури и по цена да се повлече од Бахмут ја менуваат играта. Исто така, минатиот месец, тој рече дека ако изгуби во Бахмут ќе биде принуден да преговара.

Зеленски го посети полскиот претседател Андржеј Дуда кој му вети дека Полска може да испрати уште 10 ловци МиГ во Украина, покрај четирите МиГ-29 кои досега ги испорача.

Други западни земји во моментов не одлучиле да испратат авиони во Украина, иако Киев тоа го бара од почетокот на војната.

Зеленски во Варшава рече дека Полска одиграла клучна улога во договарањето на тенковите од западните земји за Украина, а дека може да одига таква улога и за авионите во т.н. „авиокоалиција“.

Новите сателитски снимки од компанијата Максар покажуваат дека и Русите се спремаат за можната украинска офанзива пролетва на Крим. Тие поставуваат „змејски заби“, мали барикади во форма на пирамиди преку кои тенковите тешко би поминале.

Битките во Бахмут траат. Истовремено, силни експлозии одекнаа во градот Мелитопол во Запорожје синоќа.

- Advertisement -
Ad image

„Во градот се забележани неколку силни експлозии“, објави градоначалникот Иван Федоров на Телеграм.

Федоров е во егзил уште откако Русите го окупираа градот.

Истовремено, украински авион се срушил на руската страна од границата во Брјанск во областа Клинцовски, потврдија пограничните единици на руската федерална безбедносна служба ФСБ.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article