More

    Најдолгиот железнички тунел во светот ќе биде затворен неколку месеци

    spot_img

    Најдолгиот железнички тунел во светот Готард на швајцарските Алпи ќе биде затворен за патнички сообраќај неколку месеци откако товарен воз излета од шините, објави Швајцарската железница.

    Поправките на најдолгиот железнички тунел во светот Готард на швајцарските Алпи ќе траат со месеци откако товарен воз излета од шините и ги оштети шините, соопштија во средата Швајцарската железница.

    Товарниот сообраќај на пругата ќе продолжи веќе од 23 август, додека патничкиот сообраќај неколку месеци ќе биде пренасочен на друга релација.

    Швајцарските железници проценуваат дека патничкиот сообраќај ќе може да започне дури на почетокот на следната година. Дотогаш, патничките возови ќе треба да сообраќаат на друга релација, а времето на патување ќе им се продолжи меѓу еден и два часа, пренесува германската новинска агенција dpa.

    Тунелот долг 57 километри, кој го поврзува германското говорно подрачје на Швајцарија со италијанскиот дел од оваа алпска земја, е клучен дел од транспортната инфраструктура што ги поврзува Германија и Италија. Швајцарските железници првично најавија затворање најмалку една недела по несреќата во железничкиот тунел минатата среда, но набрзо сфатија дека ќе треба да заменат вкупно околу осум километри пруга.

    Според претставникот на компанијата која стопанисува со железницата, Рудолф Бучи, несреќата се случила во особено лошо време поради зголемениот сообраќај за време на летните одмори како и претстојната улична парада во Цирих, каде организаторите очекуваат милион посетители.

    Несреќата наводно била предизвикана од техничка грешка на возот со 30 вагони, објаснуваат од Швајцарската железница, додавајќи дека во несреќата нема повредени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img