Од Париз каде во неделата ја освои рекордната 23. Гран слем титула, Откако ја освои Париз со рекордната 23. Гренд слем титула на Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ го „освои“ и островот Сао Мигел, на Азорските Острови.
Најдобриот светски тенисер со сопругата Јелена од Париз со приватен авион се упати на одмор на португалскиот остров Сао Мигел.
Ѓоковиќ на прес-конференцијата, веднаш по победата над Каспер Руд во финалето на Ролан Гарос, најави дека ќе паузира неколку дена и нема да игра натпревари до почетокот на Вимблдон во првата половина на јули.
Кога станува збор за самата Португалија, Новак таму за последен пат одигра официјален натпревар во 2007 година, кога во финалето на Есторил го совлада Ришар Гаске и со тоа стана шампион.
Самиот остров Сао Мигел припаѓа на Азорските Острови, кој уште го нарекуваат и „рај во срцето на Атлантикот“ и најголемиот скапоцен камен на архипелагот Азори.
Станува збор за вулкански острови кои се истовремено сини и зелени, црни и вулкански и покриени со скаменета лава. Во нивните кратери се наоѓаат езера со неверојатна убавина и топли водопади.
Но, Новак Ѓоковиќ е препознатлив лик дури и во „срцето на Атлантикот“, па не успеа да се сокрие од љубоптните погледи и од луѓето кои сакаа да се фотографираат со него.
На социјалните мрежи се појавија негови фотографии во ресторани и јавни места, каде што престојуваше со сопругата Јелена.
Едно друго „селфи“ пак откри како Новак и Јелена Ѓоковиќ уживаат во мало гратче на островот Сан Мигел, во опуштена прошетка со егзотичен пијалок во рацете.