Најдобриот португалски фудбалер Кристијано Роналдо сака во својот нов клуб Ал Наср да го доведе својот поранешен соиграч од репрезентацијата и Реал Мадрид, искусниот дефанзивец Пепе.
Поранешниот играч на Реал Мадрид сака да се опкружи со некои свои пријатели, а еден од нив е Пепе. Шпанските медиуми пренесуваат дека Роналдо веќе разговарал за овој трансфер со раководството на новиот клуб.
Според Marca, Роналдо и Пепе имаат одличен однос кој сакаат да го продолжат во Арабија. Португалскиот дефанзивец во февруари ќе наполни 40 години, но на минатиот Мундијал покажа дека се уште е способен да игра врвен фудбал.
Досега во кариерата има настапувано за Маритимо, Порто, Реал Мадрид и Бешикташ. Во репрезентацијата одигра 133 натпревари и постигна осум гола.