Шпанската Цивилна гарда пронашла 357 станбени објекти, 7 јахти и 10 авиони на територијата на земјата, кои наводно се поврзани со руски бизнисмени кои станале предмет на европски санкции.
Станува збор за недвижен и друг имот во вредност од стотици милиони евра.
Шпанската Цивилна гарда не прецизира колку од случаите резултирале со замрзнување на имотот, но наведува дека процентот на замрзнати средства е многу висок.