Никола Миротиќ е главното име на летниот преоден рок во европската кошарка. Еден од најдобрите кошаркари во Евролигата очигледно нема да ја продолжи кариерата во Барселона, што го намалува буџетот и сака да му ја олесни големата плата.
Според информациите, Миротиќ во преостанатите две години од договорот би требало да заработи 22 милиони евра бруто, а сега траат преговорите околу раскинувањето на договорот меѓу него и Барселона.
Во меѓувреме, неколку екипи чекаат да го придобијат, а според шпекулациите најблиску е Олимпијакос, иако шпанските тврдат дека во игра е и Панатинаикос, а Монако е …
Наводно во игра се Партизан и Црвена звезда, а страстите се разгореа кога се појавија информации дека Миротиќ пристигнал во Белград.
Почнаа шпекулациите дали одличниот кошаркар ќе преговара со Партизан и/или Звезда, а сега проговори и самиот кошаркар.
Миротиќ закачи негова слика, најверојатно со баба му, како ја чисти буранијата и со неа остави интересна порака.
„Ако се прашувавте каде сум и што правам“, напиша тој.
Очигледно Миротиќ ужива со семејството и мирно го чека расплетот на целата приказна.