Најавен штрајк пред Собранието на Град Скопје – повторно нема плата во ЈП Улици и патишта

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
“Најавен штрајк пред Собранието на Град Скопје – повторно нема плата во ЈП Улици и патишта
Поради лошото менаџирање на двоецот Арсовска – Глигоров преку разрешениот директор Ванчо Умленски, претпријатието повторно како и минатиот месец има сериозни проблеми со исплата на личниот доход на вработените.
Причините за ваквата состојба се следните:
1. Презадолжување на претпријатието кон добавувачи на материјали во износ од 240 милиони денари;
2. Не плаќање на долгот од страна на директорот, односно градоначалничката, т.е. селективно плаќање на фирми блиски до секретарот и градоначалничката;
3. Сметката е блокирана во износ од 10 милиони денари и извршни решенија во износ од 40 милиони денари кои ќе стапат на сила наредниов период;
4. Во претпријатието нема основни средства за работа како нафта, ризла, тампон, рабници. Причина за ова е не плаќањето на обврските кон добавувачите, а со тоа и испораката на материјалите;
5. Градежни машини и возила што поради погоре наведените причини се со дефекти и не се сервисираат со месеци;
Вработените се принудени преку штрајк да го остварат своето право на личен доход и истиот ќе биде пред Собранието на Град Скопје кога вработените ќе дојдат со целата механизација.
За почетокот на штрајкот ќе бидете дополнително информирани.”
Со почит,
Вработени во ЈП Улици и патишта – Скопје
Share This Article