More

    Наградите Еми се одложени за 2024 година

    spot_img

    Церемонијата на доделувањето на наградите Еми, најпрестижната американска телевизиска награда, е одложена за речиси четири месеци, објавија организаторите, бидејќи штрајкот на актерите и писателите го парализира Холивуд.

    Доделувањето на наградите Еми, кои се еквивалент на Оскарите во филмот, требаше да се одржат на 18 септември и се одложени до средината на јануари 2024 година, се вели во заедничката изјава на мрежата Фокс и Телевизиската академија.

    „Задоволство ни е да објавиме дека 75-тото доделување на Еми наградите ќе се емитува во понеделник, 15 јануари 2024 година“, изјави портпаролот на американската телевизиска мрежа која ќе ја пренесува церемонијата.

    Ова е најважниот радио и телевизиски настан од почетокот на штрајкот на актерите и сценаристите, а сличен не е виден во Холивуд од 1960 година.

    Последен пат Еми беа одложени во 2001 година по нападите од 11 септември.

    По повеќе од сто дена штрајк, претставниците на сценаристите и филмските студија сè уште не се договориле за подобри хонорари и надоместоци за содржината произведена за стриминг услугите за првите, ниту за пропишување на забрана за употреба на вештачка интелигенција во индустријата. Актерите се приклучија на штрајкот во јули.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img