На пригодна свеченост која беше организирана доцна попладнево беа доделени наградите на најдобрите учесници на Меѓународната едриличарска регата „Охрид 2024“, која се одржуваше вчера и денес во водите на Охридското Езеро.
Ова е четврто издание на регатата во организција на Здружението за спортско едрење „Акватика Јахтинг” и е дел од програмата на овогодинешното издание на манифестацијата Ohrid Water Fesatival.
Во името на Општина Охрид наградите ги додели Ана Крстеска, заменик градоначалник.
На регатата учествуваа едриличари од Македонија, Србија и Турција.