Нафтени компании затајувале данок, УЈП од утре ќе ги објавува

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Од утре се очекува Управата за јавни приходи (УЈП) да излезе со информација за компании од нафтениот бизнис кои затајувале данок.

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска неодамна изјави дека станува збор за мрежа во која се вклучени и три добро познати бензински пумпи од различни региони во државава.

– Целиот капацитет од Регионалната дирекција на УЈП во Штип ќе биде вклучен во спроведувањето на пописот. Станува збор за една посебна мрежа, но и за три познати бензински пумпи од различни региони од државата по што по завршување на пописот и по празниците ќе дадеме соодветно известување, рече Лукаревска, одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со министерот за финансии Фатмир Бесими и директорот на Царинската управа Стефан Богоев.

Share This Article