НАФТАТА ЗА ГРЕЕЊЕ ПОСКАПУВА ЗА 1,50 ДЕНАРИ За половина денар поскапуваат и бензините

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги зголеми цение на нафтените деривати во просек за 1,10 %. Поединечно се зголемуваат малопродажните цени на бензините за 0,50 денари по литар, а на нафтата за греење за 1,50 денари. Цената на дизелот не се менува.

Од полноќ цената на бензинот од типот „еуросупер-95“ ќе изнесува  76денари по литар, а на „еуросупер-98“ 78 денари по литар. Цената на дизелот останува 70,50 денари по литар, додека цената на масло за горење ќе изнесува 69,50 денари по литар.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,859 ден/кг и сега ќе изнесува 43,844 денари по килограм.

Share This Article