Нафтата се продава и за 119 долари за барел, а гасот надмина 3.000 долари

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Цената на енергенсите денеска ги надмина нивоата и од кризата во 2012 година. Нафтата денеска на берзите се продаваше и по цена и од 119 долари по барел, што е ниво од  2012 година. Цената се менува од час во час.

Цената на гасот, пак го надмина и очекувањето на  Димитри Медведев, дека Европа ќе плаќа цена на гасот од 2.000 долари за 1.000 кубни метри. Во Европа оца цена веќе е надмината. Во Германија цената на гасот  достигна 3.000 долари за 1. 000 кубни метри.

Експертите велат дека војната во Украина и санкциите кон русија ги плашат трговците дека идните месеци ќе падне испораката на „црното злато“ од Русија.

– Околу 30 отсто од европскиот увоз на гас и нафта, пристигнува од Русија, а земјата сочинува приближно 11 проценти од светското производство на нафта. Накратко кажано, инвеститорите стравуваат од стагфлациски шок и изјави Шејн Оливер, стратег во фондот АМП.

Русија е еден од најголемите извозници на енергенси во светот. Втор најголем извозник на нафта по саудиска арабија и најголем извозник на природен гас. Од русија во европа стигнува 40 отсто од вкупната испорака на гас и 30 отсто на нафта.

Share This Article