Објавено е редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција.
На крајот на четвртиот квартал од 2021 година:
Бруто надворешниот долг изнесува 9.547 милиони евра (или 81,4% од проценетиот БДП) и бележи квартално намалување од 323 милиони евра (или за 3,3%).
Бруто надворешните побарувања изнесуваат 5.909 милиони евра (или 50,4% од проценетиот БДП) и остварија квартално намалување од 622 милиона евра (или за 9,5%).
Нето надворешниот долг изнесува 3.638 милиони евра (или 31% од проценетиот БДП) и е зголемен за 299 милиони евра, или за 9%. Од аспект на структурата, и понатаму поголемо учество во вкупниот нето-долг има приватниот нето-долг со 59%.
Во текот на четвртиот квартал од 2021 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 176 милиони евра и изнесува 7.308 милиони евра, што претставува 62,3% од проценетиот БДП за 2021 година.
Најновото соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција е достапно на: