More

    Надал се пожали на кондицијата

    spot_img

    Шпанскиот тенисер Рафаел Надал проговори за повредата по синоќешниот меч против Тејлор Фриц. Шпанецот го победи Американецот во четвртфиналето на Вимблдон со 3:2. По сетови 3:6, 7:5, 3:6, 7:5 и 7:6.

    – Не знам како стигнав до победата. Искрено, многу ми се допаѓаат овие натпревари и не знам како да им се заблагодарам на навивачите за таквата поддршка. Тоа беше тежок меч против одличен играч. Тејлор одлично се снаоѓа цела сезона. Мило ми е што се пласирав во полуфиналето. Тоа е сѐ. Во принцип, се чувствувам добро, но нешто не е во ред со стомачните мускули – морам да бидам искрен. Имаше многу моменти кога мислев дека можеби нема да можам да го завршам натпреварот. Но, имаше неверојатна енергија на теренот – истакна Надал.
    Шпанецот се осврна и на претстојното полуфиналето против Ник Кирјос.

    – Се надевам дека ќе бидам подготвен да играм. Ова е првото. Ник игра добро на сите површини, но особено на трева. Ќе биде тежок тест и треба да бидам 100% подготвен за да имам шанса. Ќе се обидам да го направам тоа – рече тој.

    Полуфиналните мечеви на Грен слемот во Лондон во машка конкуренција се закажани за утре. Во другото полуфинале ќе играат Новак Ѓоковиќ и Камерон Нори.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img