More

    Надал после Париз ќе реши дали ќе стави крај на кариерата

    spot_img

    Шпанскиот тенисер Рафаел Надал по настапот на Олимписките игри во Париз ќе одлучи дали летово ќе стави крај на кариерата или ќе продолжи да игра. Освојувачот на 22 грен-слем титули одговорарајќи на прашање за пензионирање рече дека одлуката ќе зависи од тоа како ќе се чувствува после Париз.

    – Ова ме прашуваат често во последно време. Секој ден се трудам да дадам максимум. Кога ќе заврши овој турнир, ќе ги донесам потребните одлуки врз основа на тоа како се чувствувам и што сакам. Денеска не знам – рече Надал на прес-конференција по поразот од Ѓоковиќ.

    Шпанскиот тенисер истакна дека доколку почувствува дека повеќе не може да се натпреварува, ќе одлучи да стави крај на кариерата.

    Во второто коло на Олимпијадата 2024, Надал вчера загуби од Србинот Новак Ѓоковиќ со резултат 1 -6, 4-6. Меѓусебниот биланс е  31-29 во корист на Ѓоковиќ.

    38-годишниот Шпанец на ОИ во Париз настапува и во двојки заедно со Карлос Алкараз.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img