Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе биде меѓу учесниците на мастерсот во Монтреал, потврди денеска директорот на турнирот Ежан Лапјер.
Роџерс купот наизменично се одржува во Монтреал и Торонто, а Надал овој турнир во Канада го освојуваше пет пати во кариерата.
– Надал навистина сака да дојде во Монтреал, веќе резервираше хотелски соби. Ние му ги испративме тениските топчиња со кои ќе се игра на турнирот за да може да се подготви – изјави првиот човек на Мастерс турнирот во Монтреал на прес-конференција.
Мастерсот во Монтреал почнува на 8. август, а титулата ја брани Русинот Данил Медведев, кој минатата година во финалето во Торонто беше поуспешен од Американецот Рејли Опелка.