More

    Над 6.000 граѓани ќе си вратат дел од парите за купените инвертери

    spot_img

    Стотици граѓани чекаат во ред пред салата „Борис Трајковски“ во Скопје за да ги подигнат ваучерите за инвертери кои ги доделува Министерството за енергетика. Во останатите градови граѓаните ги подигаат ваучерите во Центрите за вработување, освен во Битола каде што процедурата се врши во спортската сала „Боро Чулевски“.

    Ваучерите во салата „Борис Трајковски“, според соопштението на Министерството за енергетика, граѓаните можат да ги подигнат само денеска до 17 часот. Доколку не успеат во потфатот граѓаните ќе треба да отидат до просториите на Министерството за енергетика.

    Ваучерите, според огласот, граѓаните ќе мора да ги  искористат до 30 ноември, а инвертерите ќе треба да ги купат кај правни субјекти кои се на списокот на Министерството. После овој рок тие не важат.

    Ваучери за инвертери добија 6.182 граѓани на огласот кој беше завршен на почетокот на годината.

    За овој проект се обезбедени 4,1 милион евра.

    Според јавниот оглас за субвенционирање на купување и вградување инвертер клима-уреди ранливите потрошувачи се доделуваат ваучери од 27.000 денари, за лицата со ниски примања  – до 21.000 денари за самец, 30.000 денари за домаќинство со два члена, и 35.000 денари за домаќинство со три члена. За домаќинства со четири члена, предвиден е ваучер од 30.000 денари, а за домаќинства со пет или повеќе члена – 45.000 денари. Дополнително, за неранливи потрошувачи од Пелагонискиот и Југозападниот регион предвидени се ваучери од 25.000 денари, а за останатите региони – по 23.000 денари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img