More

    Над 170.000 луѓе маршираа низ улиците на Мадрид

    spot_img

    Низ улиците на Мадрид денеска излегоа околу 170.000 луѓе на досега најмасовниот протест против Законот за амнестија на каталонските сепаратисти, за кој се договорија шпанските социјалисти и сепаратистичките каталонски и баскиски партии во замена за поддршка за формирање на новата влада.

    До демонстрации дојде само два дена откако шпанскиот социјалистички премиер Педро Санчез освои нов четиригодишен мандат со поддршка на Каталонците и Баскијците.

    Британските медиуми јавуваат дека на маршот, организиран од граѓански групи, присуствуваа и лидери на опозицијата.

    Амнестијата ќе опфати околу 400 лица кои беа вклучени во кампањата за независност на Каталонија, што кулминираше со референдумот за независност во 2017 година.

    Своевремено, шпанските судови овој референдум го прогласија за незаконски, а неговите лидери ги затворија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img