Над 15.000 Холанѓани ќе го посетат македонскиот Ерусалим

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На интернационалната саемска манифестација во Холандија – „Vakantiebeurs Utrecht“ која се одржува од 12 до 15 јануари 2023 македонските туристички потенцијали во комбинација со македонски вина и храна се промовирани на првиот ден од саемот, во заедничкa организaција на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) и ТУИ- Холандија.

– Интересот за македонскиот туристички пазар е зголемен и нашата дестинација се повеќе е застапена во програмите на туроператорите од Холандија, но и генерално во овој дел на Европа. На презентацијата покрај голем број на туроператори присуствуваше и Бети Јачева в.д амбасадорка на Северна Македонија во Холандија, како и поголем број на хотелиери и туроепратори од Охрид – информираат од Агенцијата.

Потврдени се чартери за средината на месец мај до Охрид, по четири пати неделно, додека во висока сезона нивниот број ќе биде шест чартери неделно од Холандија и дополнително поставување на Македонија во кружните патувања.

– Очекувањата на ТУИ – Холандија за 2023 година се приближно 15.000 туристи, што претставува најголема бројка досега. Од Велика Британија се најавени два чартера неделно од Манчестер и Лондон со кои се очекува за 2023 година дополнителна посета од 5.000 до 6.000 туристи од ТУИ – Обединето Кралство – соопштија од АППТ.

Оттаму очекуваат во 2023 година да ги надминат бројките од 2019 година од холанскиот пазар по бројот на туристи и остварени ноќевања како и значителен скок од другите пазари, кои ќе овозможат постигнување на зацртаната цел од 3,2 милиони ноќевања и повеќе од 460 милиони долари туристички промет.

– Ова претставува уште еден доказ дека туристичката индустрија во нашата земја има огромни потенцијали за раст и нејзино сериозно учество во македонската економија. Новата реалност во туристичката индустрија овозможи зголемен фокус на активните форми на туристичка понуда, eно-гастро концептот, eко-туризам и генерално руралниот туризам што преставува предност на нашата дестинација, која има идеални услови и можности за развој и промоција на овие туристички содржини – велат од Агенцијата.

Share This Article