По снимката со началникот на смена на граничнио премин Блаце кој им бара 20 евра на лица за да влезат во Македонија и неговото апсење, МВР соопшти дека ќе покрене кривична пријава за примање поткуп за него (Е.Ш) и неговиот колега, другиот полицаец од видеото, З.Р. Ќе биде покрената и постапка за утврдување дисциплинска одговорност. Двајцата полицајци се суспендирани.
Телевизија Клан синоќа во емисијата го емитуваше видеото за наводниот Елхам Шкрета кој бил снимен од новинар на телевизиајта кој се претставил како патник. На крајот на началникот му оставаат вкупно 120 евра.
Како што соопшти МВР, полициските службеници до завршување на дисциплинската постапка се отстранети од работното место согласно одредбите од Колективниот договор на Министерството.
„Во врска со случајот со земање поткуп на граничниот премин Блаце, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со надлежното обвинителство, како и службите за внатрешна контрола на Република Косово и Република Албанија, го документираше кривично правниот настан и изврши службени разговори со полициските службеници“, информира МВР.