Се знае кое е името и презимето за ова што се случува со патните исправи, девет годишниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски кој што за одредени политички цели не ја кажал оваа обврска пред граѓаните, затоа што постоела оваа обврска 5 години како што можеме да видиме, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.
-Сега треба да бидеме многу внимателни кога ги зборуваме овие работи бидејќи има снимка каде што лично Коциќ има гласано за овој закон за овој рок да биде внесен во законски текст кој што во преодни и завршни одредби кажува дека ќе има казна доколку некој не ги почитува работите она како што се напишани во тој закон. Јас тој закон не го гласав, го гласаше Ненад Коциќ – рече Стојановски.
Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ утре во 11 часот ќе поднесе кривична пријава за поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.
– Утре ВМРО-ДПМНЕ во 11 часот ќе поднесе кривична пријава за лицето Оливер Спасовски бидејќи ги има оштетено граѓаните и го има оштетено буџетот на Република Македонија, со тоа што набавувал обрасци за лични документи иако знаел дека граѓаните не можат да ги користат до крајот на рокот на нивното издавање – истакна Стојаноски.