More

    На возраст од 51 година денеска почина познатиот автор и продуцент на електронска музика Мирко Попов

    spot_img

    На возраст од 51 година денеска почина познатиот автор и продуцент на електронска музика Мирко Попов, дознаваме од извори блиски до семејството.

    Попов пред неколку дена беше хоспитализиран на Клиниката за реанимација и интензивно лекување по обилно мозочно крварење, а според информациите починал попладнево на Клиниката за неврохирургија. За жал, обидите на лекарите да го реанимираат биле неуспешни.

    Попов е македонски диџеј и продуцент на електронска музика, кој со оваа професија се занимаваше уште од осумдесеттите години. Роден е во 1972 година во Скопје, а ја засакал музиката уште од основното училиште.

    Тој од 1992 година е ангажиран во култното скопско музичко радио Канал 103, на кое беше и главен уредник од 2008 година до 2010 година. Во 1998 година ја формирал дискографската куќа „ПМГ Рекордингс“, која промовираше нова електронска музика и стана една од водечките независна дискографски куќи во земјата.

    Дел е и од електро-џез составот Kантон 6, со кој досега има издадено повеќе е.п. и 3 албуми. Има издадено албум и неколку е.п. изданија, и реализирано концерти со водечкиот македонски џез состав Сетстат. Од 2020 година продуцира, издава и настапува и како соло артист под името Мирко Попов Квартет.

    Автор е на книгата „20 Години те Сакам”, како и на книгата за деца „Розевата Планета” издадена на македонски и албански јазик. Како музички новинар пишувал текстови во повеќе музички магазини, а објавувал своја проза, поезија и стрипови во Маргина, Лифт, Скопско Метро и др.

    Има остварено повеќе улоги во театарски претстави, како и на филм. Пишувал музика за театар и филм, а режирал и радио драма. Продуцент, сценарист и автор е на повеќе од 50 музички видеа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img