More

    На учениците да им се пристапи чувствително!

    spot_img

    Народниот правобранител во последниот извештај се осврнува на трагичниот настан во кој со ученик од гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин – Скопје си го одзеде животот, за кој вели дека сериозно ја потресе јавноста и отвори многу прашања кои бараат сериозна анализа, меѓу кои и прашањето за грижата за менталното здравје на учениците и колку е тоа предмет на анализа и работа на наставниот и стручниот кадар од училишните стручни служби.

    Народниот правобранител констатира дека мал број ученици имале поддршка од педагошко-психолошката служба, и во мал број училишта се одржале предавања на тема подобрување на психолошката добросостојба.

    Имајќи го предвид наведеното, како и неодамнешниот настан, во кој средношколец си го одзеде животот, Народниот правобранител укажува дека училиштата, покрај воспитно-образовната дејност, даваат клучен придонес во емотивниот и когнитивниот развој на децата и имаат значајна улога во општествениот развој и промените. Следствено, вработените во училиштата, наставниот кадар и стручните тимови, со оглед на значајната улога во процесот на заштита на децата, на потребите и грижите на децата потребно е да им пристапуваат чувствително грижејќи се за нивните права, приватност и достоинство, се наведува во Извештајот.

    Народниот правобранител е на мислење дека Министерството за образование и наука, во соработка со другите ресорни министерства (Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика), и во координација и соработка со училиштата, институциите за заштита на децата, како и локалните самоуправи континуирано треба да преземат активности и мерки за заштита на менталното здравје, како и безбедност на учениците во училиштето и надвор од него.

    Исто така, стручните соработници во училиштата, потребно е да бидат едуцирани и обучени за рано откривање на проблеми во менталното здравје на децата, да ги препознаат знаците од нарушено ментално здравје, со цел превенција, спречување и минимизирање на немили настани кои го загрозуваат здравјето, добросостојбата, и животот на учениците, со почитување на правата на децата и нивниот најдобар интерес.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img