На територијата на Федерацијата Босна и Херцеговина денеска ќе се применува Правилникот за забрана за пушење во сите затворени објекти во овој ентитет на Босна и Херцеговина

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На територијата на Федерацијата Босна и Херцеговина денеска ќе се применува Правилникот за забрана за пушење во сите затворени објекти во овој ентитет на Босна и Херцеговина.

Правилникот стапи во сила пред шест месеци, но им се остави простор на угостителските објекти да се адаптираат половина година.

Законскиот предлог предвидува дека правните лица кои нема да забранат употреба на тутун ќе платат глоба до 5.000 марки (околу 2.500 евра), додека физичкото лице кое консумира тутун во затворен простор ќе се казни со глоба од 100 марки (околу 50 евра).

Казните ќе почнат да се наплатуваат за шест месеци.

Во Босна и Херцеговина, тутунските производи користат речиси еден милион луѓе, од околу 3,5 милиони жители.

Светската здравствена организација (СЗО) наведува дека БиХ со 35,5 отсто пушачи е втора во Европа, зад Србија, каде пуши 37,6 отсто од населението.

Фото: Pexels

Share This Article