Поради зголемена фреквенција на возила, на граничниот премин „Табановце“ времето на чекање за излез од државата е околу 20 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата,
Поради зголемена фреквенција на возила, на граничниот премин „Табановце“ времето на чекање за излез од државата е околу 20 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.
Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.