На светските пазари падна цената на нафтата, а златото и пченицата поскапеа

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На светските пазари падна цената на нафтата, а златото и пченицата поскапеа. Европските и американските берзански индекси денеска се нерамномерни.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 70,9 долари за барел, а на нафтата од типот брент на 74,4 долари.

Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 35 евра за мегават-час.

Цената на златото порасна на 2.618,53 долари за унца, а на пченицата на 5,7190 долари за бушел.

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесува 1,11240, што е за приближно 0,35 отсто пониско од петокот.

Индексот DAX на франкфуртската берза денеска  порасна на 18.757,32 поени, исто како и московскиот MOEX на 2.805,13 поени, додека британскиот FTSE 100 падна на 8.226,66 поени, а францускиот CAC 40 на 7.480 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс порасна на 42.063,36 поени пред денешното отворање на берзата во САД, додека индексот S&P 500 падна на 5.702,55 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 17.948,32 поени.

Share This Article