На светските берзи цените на нафтата паднаа за околу 2% минатата недела, бидејќи трговците се скептични за намалувањето на производството на ОПЕК и поради тоа што слабоста на економијата може да доведе до натамошен пад на побарувачката

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На светските берзи цените на нафтата паднаа за околу 2% минатата недела, бидејќи трговците се скептични за намалувањето на производството на ОПЕК и поради тоа што слабоста на економијата може да доведе до натамошен пад на побарувачката.

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела падна за 2,1 %, на 78,88 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 1,9%, на 74,07 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници одлучија да го намалат производството во првиот квартал од следната година за приближно 700.000 барели дневно.

ОПЕК+ произведува повеќе од 40 отсто од светската нафта и веќе подолго време го намалува производството со цел да ги поддржи цените кои паднаа од речиси 100 на околу 80 долари за барел поради слабеењето на економијата, а со тоа и побарувачката на нафта.

Share This Article