На судењето на Беливук се спомнал како место на кое се продавала дрога

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Три лица се уапсени поради инцидентот на сплавот „Фристајлер“ кој потона на новогодишната ноќ. Меѓу уапсените е и еден грчки државјанин. Уапсени се управителот, директорот и сопственикот на сплавот. Тие се соочуваат со казна затвор од 1 до 8 години.

Српските медиуми денеска потсетуваат дека сплавот имал несакан публицитет кога бил споменат на судењето на криминалната група на Вељко Беливук и на Марко Миљковиќ, како место на кое се продавало дрога.

Кон крајот на февруари 2017 година непознати лица со чамец дошле до „Фристајлер“ и го запалиле. Сплавот речиси целосно изгорел, но бил повторно изграден.

Во 2013 година пред „Фристајлер“ се случила престрелка во која биле ранети три лица, меѓу кои и двајца обезбедувачи, кои ѝ се добро познати на јавноста и на полицијата.

„Фристајлер“ почнал да тоне неколку минути по полноќ по пристигнувањето во 2023 година.

Сплавот бил регистриран за 220 луѓе, а на новогодишната ноќ, како што пишуваат српските медиуми, се претпоставува дека имло меѓу 500 и 600 гости.

Очевидци велат дека водата почнала да надоаѓа десет минути по полноќ, но дека на почетокот не разбрале што се случува. Кога сплавот се навалил, почнале паниката и стампедото.

Share This Article