More

    На странците им е забрането да купуваат станови во Канада

    spot_img

    На 1 јануари, во Канада стапи на сила двегодишната забрана за домување за странци, со која владата има за цел да го ограничи растот на цените на пазарот на недвижности.

    Во Канада од новата година стапи на сила двегодишната забрана за купување станови за странци. Сепак, постојат некои исклучоци за странски студенти, апликанти за статус на бегалци и посетители со привремена работна дозвола. Со законот, владата на Џастин Трудо има за цел да го ограничи растот на цените на пазарот на недвижности.

    Торонто и Ванкувер често се вклучени во листите на десетте најмалку достапни градови во светот, пишува германската новинска агенција dpa. Просечната цена на стан во овие два града ја надмина границата од милион канадски долари (695.225 евра), објави британски Би-би-си.

    „Пожелноста на канадските домови привлекува профитери, богати корпорации и странски инвеститори“, предупреди Либералната партија на Трудо. „Ова води кон реален проблем на неискористени и празни станови, диви шпекулации и рапидно растечки цени“, потенцираат оттаму.

    Критичарите на законот истакнаа дека огромното мнозинство на недвижности во поголемите канадски градови веќе е во сопственост на Канаѓани. Според владините податоци, во Британска Колумбија, која го вклучува Ванкувер и Онтарио, каде што исто така е Торонто, само шест отсто од сопствениците на куќи се странци.

    „Забраната за купување станбен недвижен имот од странски државјани може да влијае на нашата репутација како земја добредојде“, се вели во соопштението на Канадското здружение за недвижности. „Можните придобивки од забраната веројатно ќе бидат скромни“, сметаат тие.

    Законот, кој стапи на сила во неделата, предвидува некои исклучоци за долгорочните странски студенти, лицата со статус на бегалци и посетителите со привремени дозволи за работа. Инаку, купувањето дом е ограничено на канадски граѓани и канадски постојани жители.

    Слична мерка усвои Нов Зеланд во 2018 година, но цените на куќите продолжија да растат под влијание на инфлацијата, истакнува Би-Би-Си.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img