На српскиот министер за информирање и телекомуникации, Дејан Ристиќ, синоќа му беше забранет влез во Косово.
Во соопштението на Министерството се наведува дека иако посетата на Ристиќ била најавена во согласност на процедурите, нему му е забранет влезот еден час пред да пристигне во Косово.
Предвидено беше Ристиќ да присуствува на денешното одбележување на неделникот „Јединство“, единствен печатен медиум на српски јазик во Косово.
Српските власти ја оценија забраната за влез како „уште еден нескриен пример за кршење на правото на слободно движење, слободата на јавно информирање и на слободата на изразување“.