На социјалните мрежи се појави видео од разурнатиот украински град Мариупол, снимено со дрон.
Видео снимката ја објави Бахти Нишанов, кој работи за Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ).
„Избегнував да ги објавам уништувањата во Украина, но руското уништување на Мариупол мора да биде објавено. Деведесет отсто од градот е исчезнат. Полскиот претседател Дуда вели дека изгледа како Варшава во 1944 година и во право е“, напиша Нишанов на Твитер.