На социјалните мрежи кружи краток клип во кој украинскиот претседател Володимир Зеленски разговара со неколку луѓе преку видео повик, додека на неговото биро има кокаин и кредитна картичка, пишува Нова.рс.
Иако некои мислеа дека се работи за автентична снимка, се утврди дека се работи за монтажа, пишува Нова.рс.
Во видеото, Зеленски разговара со неколку луѓе, вклучувајќи го и основачот и извршен директор на Tesla и сопственик на SpaceX, Илон Маск.