More

    На самитот се разгледуваат забрана за дијамантите и казни за трети земји

    spot_img

    Заедничката изјава од самиот во Хирошима на седумте најмоќни земји во светот дека „ќе ја изгладнат“ Русија со новиот пакет санкции можеби всушност е проширување на постоечките ограничувања за клучните стоки, анализира Блумберг.

    Главниот план на Г7, според Блумберг е ограничување на трговијата со руски дијаманти и преземање мерки против земјите за кои се верува дека финансиски ја поддржуваат Москва во војната.

    Ова значи и дека ќе треба да се осигура дека дијамантите со кои се тргува преку земји како Индија и Обединетите Арапски Емирати и натаму се препознаваат како руски дијаманти во натамошната продажба. Мета се руските компании како „Алроса“ која учествува со речиси третина од светската трговија со овие скапоцени камења.

    Во написот се вели и дека новите мерки би биле тешки за спроведување за некои од члените на Г7 поради тоа што тие имаат разни правни системи и регулативи.

    Медиумот од свои извори дознава дека исклучоци за извоз ќе има за руските лекови, земјоделски производи и за храната.

    Непосредно пред официјалниот почеток на самитот на Г7, САД најавија нов пакет санкции за Русија.

    Меѓу другото, планот е да се отсечат околу 70 компании и организации од Русија и од други земји од американскиот извоз, изјави висок претставник на американската влада, пишува Дојче Веле. Покрај тоа, повеќе од 300 поединци, компании и организации, бродови и авиони ќе бидат предмет на други казнени мерки. Тој не сакаше детално да ги коментира плановите на партнерите.

    „Но, САД ќе лансираат сеопфатен пакет на сопствени мерки.“

    Би-Би-Си пишува дека санкциите ќе го ограничат извозот на предмети „критични за Русија на бојното поле“. Исто така санкциите ќе бидат насочени и кон групи обвинети дека префрлале материјал на фронтот за Москва. Тука се мисли на санкции кон трети земји кои овозможуваат нелегален транзит на руските стоки.

    Во нацрт-коминикето на Г7 од самитот во јапонскиот град Хирошима се вели и дека потребно е да се намали зависноста од трговијата со Кина.

    На барањето на Г7, Кина да се придржува до меѓународните правила, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи неделава изјави:

    – Прво, треба да се дефинираат правила кои не им служат само на интересите на Г7. Исто така, земјите од самитот треба прво да си исчистат пред сопствените врати.

    Додека сите чекаат украинскиот претседател Володимир Зеленски да допатува во Јапонија, тој неочекувано ја посети и Саудиска Арабија за да ја добие нејзината поддршка за Украина. Саудиска Арабија не се согласува со западните санкции иaко ја поддржа резолуцијата во Обединетите Нации за повлекување на Русија и вети 400 милиони долари хуманитарна помош за Украина.

    Од сите 22 членки на Арапската лига, која се одржува во Саудиска Арабија, само Сирија отворено ја поддржа руската инвазија. Сирсискиот принц Башар ал-Асад за првпат се појавува на самит на лигата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img