More

    На руските разузнавачи им испраќал доверливи информации

    spot_img

    Германски војник е обвинет за шпионажа за Русија, соопштија денеска федералните обвинители во Германија, пренесува Ројтерс.

    Осомничениот работел како професионален војник во Сојузната канцеларија за опрема, информатичка технологија и поддршка во служба на германските вооружени сили Бундесвер. Институтот е одговорен за опремување на германските вооружени сили, а исто така развива, тестира и набавува воена технологија.

    „Во една прилика, тој им предал на руските разузнавачки служби информации што ги добил во текот на неговите професионални активности“ – се вели во соопштението од германското обвинителството.

    Германските власти рекоа дека поддршката на Германија за Киев ги направи сè повеќе цел на руско шпионирање откако Русија ја започна својата целосна инвазија на Украина.

    На почетокот на овој месец, Москва објави снимка од прислушување на која се слушаат претставници на Бундесверот како разговараат за можни испораки на оружје за Украина.

    Германскиот војник е обвинет дека од мај 2023 година неколку пати го посетил рускиот конзулат во Бон и руската амбасада во Берлин за да им понуди соработка. Обвинителите рекоа дека тој понудил помош „на своја иницијатива“.

    Германскиот државјанин е во притвор од август. Обвинителите велат дека тој ги пренел информациите добиени за време на неговиот престој во Бундесверот. Тој бил уапсен во Кобленц во југозападна Германија, а полицијата извршила претрес во неговиот дом и на работно место.

    Одделот за безбедност на Вишиот регионален суд во Дизелдорф сега мора да одлучи дали случајот ќе оди на судење.

    Ова не е единствениот случај на сомневање за шпионажа за Русија во Германија. Во Берлин, поранешен вработен во германската надворешна разузнавачка служба се соочува со обвиненија за предавство за наводно предавање доверливи информации на руското разузнавање.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img