Парламентот на Литванија во вторникот одлучи да им забрани на руските граѓани да купуваат недвижен имот во земјата, поради ризик за националната безбедност.
Забраната ќе важи до 2024 година, но нема да важи за Русите кои имаат дозвола за престој во Литванија.
Парламентот одлучи и да го прекине издавањето визи за граѓаните на Русија и Белорусија.
Граѓаните на тие две земји кои имаат други патни исправи, како што се претходно издадени визи, ќе бидат подложени на „индивидуални проверки“ на границата, за да се утврди дали претставуваат закана за националната безбедност.
Кога го презентираше нацрт-законот во март, заменик-министерот за надворешни работи на Литванија Јургита Нелиупсиен го објасни велејќи дека „огромното мнозинство Руси ја поддржуваат агресијата врз Украина, тие не прават ништо за да ја спречат и со тоа сносат одговорност за неа“.