На руски балетан му откажаа настап

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Театарот „Арчимболди“ во Милано го откажа настапот на балетанот Сергеј Полунин, а причина се трите тетоважи на рускиот претседател Владимир Путин на неговото тело.

Полунин требаше да настапи на 28 и 29 јануари, а на веб-страницата на театарот објавија дека решиле да ја откажат неговата изведба на балетот по бројните реакции на социјалните мрежи. Управата на театарот вели дека ова го решила поради политичка и морална одговорност.

Полунин е поранешен директор на Кралската опера во Лондон. Роден е во Украина, а руско државјанство доби во 2018 година. Пред неколку месеци во Узбекистан тој во воена униформа изведе танц за паднатите руски војници. Узбекистанските власти тогаш изјавија дека тој отстапил од договорената програма.

 

Share This Article