Новата победничка на Вимблдон е 23-годишна девојка родена во Москва, а која од пред четири години живее и игра тенис за Казахстан. Елена Рибакина им го зема вниманието на светските медиуми откако нејзината денешна победа го засени фактот што Русите и Белорусите не можат да играат на турнири поради западните санкции, пишува Мондо.
Таа се расплака кога со новинарите зборуваше за своите родители. Но, на прашањето дали ги осудува војната во Украина и потезите на Путин, таа одговори со „Извини, не те слушнав“.
На повтореното прашање Рибакина мирно одговори …
– Извинете, мојот англиски не е најдобар. Не го разбрав вториот дел од вашето прашање. Од моја гледна точка, можам само да кажам дека го претставувам Казахстан. Не избрав каде ќе се родам. Луѓето веруваа во мене и Казахстан ме поддржа. И денес почувствував поддршка, ги видов знамињата… Па не знам што да ви одговорам! – изјави младата тенисерка кој е родена во 1999 година која до пред четири години ја претставуваше Русија.
Слично вакво фијаско Рибакина доживеа кога го освои полуфиналето на Вимблдон.