More

    На првенецот на Македонскиот народен театар Ристановски ќе му биде врачена регионалната награда „Александар Лифка“ за придонес во европската кинематографија

    spot_img

    На првенецот на Македонскиот народен театар Никола Ристановски вечерва на Фестивалот на европскиот филм во Палиќ, Србија, ќе му биде врачена регионалната награда „Александар Лифка“ за придонес во европската кинематографија, јави Танјуг.

    Актерот Ристановски е благодарен за наградата и смета дека кинематографијата на нашите простори „не е систем, туку инцидент, со неверојатни резултати“, а ќе глуми на необичен јазик во претстојниот филм на Вук Ршумовиќ.

    Ристановски е добитник на бројни актерски награди во Србија како „Стерија Поповиќ“, „Раша Плаовиќ“ или „Зоран Радмиловиќ“.

    – Генерално сум изненаден од наградите, а од оваа уште повеќе. Звучи многу сериозно. Сè што треба да правам е да бидам благодарен, да не бидам премногу горд. Секако, важно ми е тоа што го работам да има одраз, бидејќи поентата е да се споделат некои заеднички вистини. Приказните што ги раскажуваме, ако не се однесуваат на гледачот, тогаш стануваат малку бесмислени – изјави Ристановски за Танјуг.

    Актерот, познат по улогите во филмовите „Буре барут“, „Ослободувањето на Скопје“ и „Иглата под прагот“, наградите ги доживува како доказ „дека со некого се согласуваме за нешто“ – и тоа му е драгоцено.

    На јубилејниот, 30. филмски фестивал во Палиќ, гратче на 7 километри од Суботица, блиску до српско-унгарската граница, фокусот е ставен на кинематографијата на Северна Македонија. Ристановски истакнува дека во неговата земја „се појавуваат млади луѓе кои снимаат филмови во тешки услови“.

    – Филмот мора да има пазарна логика. Колку е помал пазарот, толку е потешко да се снима филм. Не може да зависите само од фондови и донации, бидејќи тоа не е здраво. Тогаш почнуваат разни калкулации и компромиси, дури и со уметничките вредности – вели добитникот на „Лифка“.

    Ристановски вели дека во Македонија има многу малку кино сали, па затоа е проблематично да се прават кино-филмови, а младите автори и актери кои сакаат да се артикулираат, се наоѓаат во непријатна, „донкихотовска“ ситуација.

    – На овие простори кинематографијата не е систем, туку инцидент. Па, собирањето на некои креативни луѓе околу некои проекти понекогаш носи неверојатни резултати. Но системот не е присутен. А можеби е добро што не е – вели актерот.

    Ристановски открива дека работи на претстојниот филм „Меѓу боговите“ во режија на Вук Ршумовиќ и вториот филм на Иван Мариновиќ, кој го очекува многу наскоро.

    Според него, сценариото на филмот на Ршумовиќ е прекрасно, а работата на него била специфична, и покрај тоа што му биле дадени 40 дена за да се подготви, што е навидум доволно.

    – Одлично, реков, токму на време за да се подготвам. Одлично, ми рекоа, ќе ви го испратиме преводот на фарси. Молам, на фарси? На персиски!? Сè уште сум во шок, во филмот треба да играм преведувач за бегалци од исток и да зборувам на персиски јазик, односно на фарси – вели Ристановски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img